Почна реконструкцијата на улиците во населбата Леваци. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека ќе се врши промена на водоводната линија, а потоа ќе се асфалтираат улиците и ќе се обноват тротоарските површини.

  • Во населба Леваци се започнати активности за промена на водоводните линии за подземна инфраструктура, нешто кое што е неопходно за да се навлезе со третирање на тротоарските површини и асфалтирање на улиците во оваа населба. Моментално, се работи на улицата „Христијан Карпош“ и на улица „АСНОМ“. Mорам да најавам дека планот за оваа година е да се навлезе на сите улици во населбата Леваци, комплетно да се реконструираат, вклучувајќи ги и улиците „Боро Милевски“, „Христијан Карпош“, „АСНОМ“, „Коле Неделковски“, нешто кое што е потреба, затоа што откако е изградена оваа населба, нема извршено никој реконструкција на овие улици на тротоарски површини и слично, изјави Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски изјави дека екипите се на терен и работат на изведување на новата водоводна инсталација во оваа населба.

 

Јорданов и Арсовски апелираа за трепение од страна на граѓаните, бидејќи поголем дел од улиците ќе бидат раскопани во наредниот период.