Започна поддршката од воздух во штипскиот регион на планината Серта, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

На планината Серта македонските и турските „ер трактори“ веќе ги гаснат пожарите над селата Селце и Драгоево и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш. Огнените стихии се на непристапни планински терени и во долови.

  • Состојбата е алармантна. Мора да истакнам дека без делување од воздух нема да се овозможи ставање под контрола на самите пожари, вели Јорданов.

Тој додава дека на терен се пожарникарите, припадниците на Армијата и вработени на ЈП „Национални шуми“ за да се спречи ширењето на пожарот кон населените места на планината Серта.