Преку јавен повик објавен денеска, Општина Струмица ги повика граѓаните да се пријават за субвенции за набавка на велспипед и опрема, како кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло.
Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот или велосипедот со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани на дневна основа по принципот прв дојден прв услужен се со цел граѓаните да бидат навремено информирани за исцрпување на предвидените средства.
„Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица, кои ќе купат нов велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), во Република Северна Македонија од денот на објавувањето на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 30 дена од објавувањето на јавникот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. Лицата кои имаат искористено/добиено парични средства за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2020, 2021 и 2022 и 2023 година немаат право на учество“, пишува во јавниот повик.
Повикот е отворен денеска и барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани на дневна основа по принципот прв дојден прв услужен се со цел граѓаните да бидат навремено информирани за исцрпување на предвидените средства.
-Вие купете велосипед, а ние ќе го исполниме нашето ветување за завршување на велосипедската инфраструктура во должина од 11 километри во рамките на проектот Струмица – паметен вело град. Мои сограѓани, ајде нашата Струмица да ја направиме велосипедски град, повика градоначалникот Костадин Костадинов.
Повикот е со цел Општина Струмица да ги стимулира жителите на градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед или велосипед со заштитна опрема.