„Нема поубаво чувство за Македонец кога и во туѓина е свој меѓу своите“. Со овие зборови градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги споделува своите импресии од средбите со македонските исленици во Швајцарија, во градот Ешалан, каде свој втор дом имаат и многу граѓани од струмичкиот регион. Македонската делегација имаше прилика да биде дел од одбележувањето на „Македонскиот ден“, манифестација подготвена од Македонското добротворно друштво „Македонија“ од Швајцарија.
-Со мојата заменичка Елена Магеровска Паликарова уживавме во богатата програма на нашинците, кои иако далеку од своите родни огништа, остануваат верни на своите идентитетски корени негувајќи го богатото македонско фолклорно творештво.Му благодарам за прекрасниот прием и поддршката на градоначалникот на Ешалан, господинот Серж Борник. Особено ме радува што претседателот на друштвото, но и најголемиот број негови членови потекнуваат од струмичкиот регион, па сите заедно претставуваат одличен пример за сите останати македонски друштва ширум Швајцарија,напиша градоначалникот Костадинов.
Струмичката делегација им ги пренесе поздравите од струмичани,со порака да останат верни на белезите на својот македонски генетски код.