Преку настанот ” Растеме со игра” пред полни трибини, Штип викендов го одбележа 1ви јуни, Меѓународниот ден на детето.

На настанот кој се одржа во саботата на градскиот стадион, дечињата од предшколска возраст заедно со своите родители а со помош на своите негувателки, преку игра и детска смеа го завршија својот престој во градинка, за од септември успешно да ги започнат своите училишни денови.

Дел од случувањето беше и актуелниот градоначалник, Иван Јорданов кој заедно со Општина Штип, дадоа целосна поддршка на настанот.

Во своето обраќање пред присутните Јорданов им посака успех на идните првачиња од септември.