Костадинов повика на соработка со новата централна власт во интерес на граѓаните

Суштината на добрата соработка и решавање на проблемите на граѓаните е соработката меѓу централната и локалната власт, каде во основа е интересот на тие што ги избрале. Со вакод став, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, одговори на советниците од локалната опозиција ВМРО ДПМНЕ во расправата за  набавката на 10 електрични автобуси за јавен превоз.

Струмица, како што веќе објавивме, минатата година донесе одлука со која се воведува јавен превоз, за што ќе се набават автобуси на лизинг.

-Се работи за економичен и чист јавен превоз кој до сега го немаме. Ова е многу убава можност, неспорно е со капитална дотација, доколку има потреба да поразговараме и со новата влада, капитално да дотираат за општина Струмица. Со тоа на грѓаните да се им овозможи нешто што и ВМРО ДПМНЕ го има ветено на граѓаните на Скопје. Ова е подадена рака и можност сите заедно да направиме убава работа, која носи бенефит за граѓаните со акцент на житителите од населените места. Отпимист сум дека Струмица повторно нема да биде слепо црево. Симбиозата е важна. Не настапуваме од позиција на власт. Не гледаме во вас опозициска партија. Зошто е важна подаден рака? Сметаме дека на народот му е доста од поделби. Со амaндман на државниот Буџет да побараме и нешто за Струмица. Тоа е суштината на добрата соработка и решавање на проблемите на граѓаните, рече градоначалникот Костадинов.

Според досегашните активности, очекувањата е во Струмица да се возат еколошки чисти автобуси. Се набавуваат 10 автобуси на финансиски лизиг на седум години. Нарачана е физибилити студијата, која се очекува во средината на јуни да ја добие општината и јавно да се презентира.

Идејата за јавен превоз е на градоначалникот Костадинов, додека Советот во март донесе одлука за формирање на ЈП за јавен превоз. Беа распишани две јавни набавки за електрични автобуси, на кои се јави само една компанија, по што набавките беа поништени.

Пред членовите на Советот беше објаснето дека се подготвува трета јавна, на која како набавувач се јавува новото јавно претпријатие, кое е даночен обврзник и ќе може да побара поврат на данокот. Со тој данок, кој според пресметките ќе изнесува околу еден милион евра, ќе се плати целокупната инфраструктура.

На лизинг, вкупната набавка на автобусите ќе чини 364 милиони денари за 10 автобуси., со тоа што цената на еден автобус ќе изнесува 350.000-370.000 денари.