Општина Штип информира дека во петок на 17.05.2024 година, преку овластена фирма општината ќе врши ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците.

Според известувањето од општината, дезинсекцијата ќе се спроведе во периодот од 13.30 до 15.30 часот.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територијата на Општина Штип, стои во официјалното известување од општината.

Третирањето ќе се изведува со препаратот BIOPREN 4 GR со активна материја isopropyl (7S,2E,4E)-(+) – 11 metoxy – 3,7,11 Trimethyl ларвицид.

Од општината информираат дека во случај на неповолни временски услови (дожд, ветер и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За подетални информации можете да се јавите на 032/22 66 22 во Општина Штип.