81 годинаа од депортацијата на Евреите во логорот на смртта “Треблинка”, беа одбележани викендов во Штип.
По тој повод на Комеморативната седница во Општина Штип присуствуваше aмбасадорката на Израел во Република Македонија, Симона Франкел, градоначалникот на Општина Штип, претставници на Еврејската заедница во земјава, како и пратеници во македонското Собрание и делегации на државни и локални институции.
Општина Штип секоја година им оддава почит на 7 144 Евреи од Македонија и 543 Евреи од Штип, кои починаат во логорот „Треблинка“.
- За мене претставува чест, како и секоја година, да бидам тука за комеморацијата на Еврејската заедница која беше депортирана за време на Холокаустот и прво испратена во скопскиот Монопол, па потоа во камповите на смртта во Полска, каде што беа убиени за време на холокаустот. За жал, многу малку луѓе преживеаа во овој камп на смртта, истакна амбасадорката на Израел во земјава, Симона Франкел.
Таа додаде треба да се потсетиме дека нејзиното присуство оваа година е значајно затоа што војната во Газа сè уште трае и Хамас сè уште држи 134 заложници. Повика и на итно ослободување на заложниците.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Општина Штип секоја година се сеќава на 543 Евреи, кои беа депортирани во Треблинка, но и секогаш се порачува дека никогаш не треба да се заборави и да не се повтори.
- Затоа што Еврејската заедница е нераскинлив дел од нашето минато, но и наша обврска да ја продлабочиме соработката којашто ја имаме со Еврејската заедница, со Еврејскиот народ. Дефинитивно и во периодот што следи како град имаме обврска да ја вклучиме Еврејската заедница во организирање на заеднички културно-уметнички настани, нагласи Јорданов.
Со паролата „Да не се заборови“ се одржа и поворка на живите од зградата на Општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, кој се наоѓа во поранешното Кафтанско маало, каде што живееле поголемиот дел од Еврејската заедница. Амбасадорката на Израел, Фарнкел, како и делегации ги посетија и Еврејските гробишта.