Нарекувајќи го најголемиот капитален проект, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во во видео обраќање сподели информации и фотографии од местото каде во моментов се изведуваат градежни работи на новата социјална населба. Таму треба да бидат дислоцирани 118 семејствата кои живеат во дивоградби на улицата „Климент Охридски“, односно, на влезот во градот од кај Валандово.
„За трансформација на Струмица потребно е многу, ама многу посветена работа и решителност“, порача Костадинов.
-Оваа дислокација треба да биде изведена да биде најхуман начин, а и начин кој значи решавање на влезот на Струмица. За трансформација на Струмица потребно е многу, ама многу посветена работа и решителност“, вели Костадинов.
Новата населба ќе се протега на 3,5 хектари, веќе има изведена фекална и атмосферска канализација, се поставуваат ивичњаци. За кратко време се очекува да почне изведувањето на водоводната линија за потребите на новата населба, но и горниот дел од градот.
Костадинов кажа дека наскоро преку јавен повик ќе се обезбеди проект за втарата фаза. планот е во втората половина на годината да биде распишан тендер за изведба на објектите.
Дивата населба со години е голем проблем за градот и граѓаните на Струмица. Со години се најавува решавањето, но дури годинава овој проблем и практично се решава, што како што вели Костадинов, со право се смета за најголем капитален проект последните години.