Нови два километри булеварско решение на врската на Струмица со Дабиле е уште една капитална инвестиција на општината Струмица. Новото булеварско решение, кое неделава почна да се гради, обезбедува намалување на сообраќајниот метеж, велосипедска и пешачка патека и соодветно осветлување до Дабиле.
-Јас сум среќен човек затоа што еден месец пред половина од мандатот, веќе имаме над 50 проценти реализација на изборната програма којашто ја ветивме пред струмичани. Денеска му се радувавме на започнувањето на уште еден капитален проект – новиот булевар Струмица – Дабиле во должина од околу 2 километри. Во заедничка инвестиција со Јавното претпријатие за државни патишта решаваме голем проблем затоа што овој пат е еден од најфреквентните во државата, рече на почетокот на работите градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Булеварот е заедничка инвестиција на Општина Струмица и ЈП Државни патишта и чини околу 5 милиони евра. Градежните работи се очекува да завршат за една година.