Започна изградбата на затворен базен во Струмица во вредност од 43 милиони денари

Спортско-рекреативниот дел на Струмица, кај памп патеката,  се збогатува со уште една содржина, преку изградбата на затворен базен. Станува збор за проект што општината ќе го реализира со Агенцијата за млади и спорт.

Проект кој ќе чини близу 43 милиони денари. Пливачкиот базен е со должина од 25 и широчина од 9 метри. Базенот би имал променлива длабочина од 80 сантиметри до метар и 20 сантиметри.

-Проект баран од граѓаните, проект потребен на граѓаните. Струмица заслужува и треба да има затворен базен и еве дојде времето навистина да го има. Затворениот базен значи заокружување на уште едно големо предизборно ветување, Струмица да биде спортски град и тоа на половина од мојот мандат. Нека ни е со среќа овој капитален проект и нека ни се множат за доброто на сите нас, за доброто на општина Струмица, соопшти Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.


Паралелно  со изградбата на базенот се планира и помошни простории на објектот.