Започна реконструкцијата на еден од најфреквентните тротоари во Штипско Ново Село

Денес Општина Штип започна со реконструкција на еден од најзначајните тротоари во Штипско Ново Село. Инвестицијата е вредна 2 милиони денари а истите се обезбедени од буџетот на општината.

Како што најави градоначалникот Иван Јорданов,  како дел од овој проект е и поставувањето заштитна ограда, како и заштитни столбчиња по тротоарите.

  • Веднаш по завршување на третирањето на оваа површина ќе се поставува заштитна ограда покрај коритото на река Отиња, и заштитни столбчиња за да се ослободат тротоарските површини од паркирани возила, вели Јорданов нагласувајќи дека севкупната реализација на иницијативата ќе се одвива во неколку фази.

 

Штипскиот градоначалник најавува активен работен план во наредниот период, така што согласно програмата за уредување на градежно земјиште предвидени се низа активности ,  не само за уредување на тротоари туку и асвалтирање на улици низ градот како и нови проекти на кои веќе се работи.

  • По завршување на овој потег нашата цел е да се префрлиме на влезот од градот, кај населба Караорман и Баби, исто така и овој тротоар да биде продолжен со третирање, вели Јорданов.

Тој истакна и дека во тек е изработка на проект за изградба на конзоли кои ќе овозможат тротоар покрај ризичната клисура како полесен пристап до самите градски гробишта.