По претходна промена на фекалната канализација, денес започна асвалтирањето на дел од булеварот Партизанска на потегот од автобуската станица до кружниот тек.
Според зборовите на градоначалникот Иван Јорданов, во наредниот период, заради дотраеност и оштетеност ќе се врши асвалтирање и рехабилитација на коловозната лента во двата правци, инвестиција вредна 2,4 милиони денари од општинскиот буџет.
- Целта ни е да го подобриме овој патен правец кој е еден од најфреквентните во градов и кој во изминатите месеци и години им создаваше проблеми на жителите од овие стамбени згради, рече градоначалникот Иванов, додавајќи дека до крајот на оваа година треба да се реализира и долгонајавуваното продолжување на булеварот Партизанска од населбата Осми ноември до населбата Баби.
Тој истакна дека во моментов се изработуваат проекциите за финансирање на споменатиот проект и дека во зависност од тоа дали ќе биде одобрена обврзница или ќе се издвојат средства од буџетот на општината, ќе се започне со реализација на планот за продолжување на овој булевар кој е една од главните сообраќајници во градов.