(видео) Од Љубљана во Струмица донесено искуството со јавниот превоз и третманот на бездомните животни

Во текот на работна посета на Љубљана, тимот на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов имаше прилика да се запознае со функционирањето на јавниот превоз, што наскоро како нова дејност се воведува и во новото струмичко претпријатие.

Тимот на Костадинов беше во Ljubljanski potniški promet – градското транспортно претпријатие каде се сретнал со менаџмент на транспортот и одржување на превозните средства.

-Имајќи го предвид претстојното подигнување на Струмичкото ЈП за транспорт, слушнав многу корисни информации и податоци и стекнав уште подобра слика за прогресот на јавниот транспорт во Струмица. Благодарам на домаќините за времето и поддршката, соопшти градоначалникот Костадинов.


Во однос на искуството со третманот на бездомните животни, Костаднинов забележува дека Љубљана е можеби единствената метропола која нема бездомни животни.

Во разговор директорката на Zavetišče Ljubljana, Барбара Михелиќ, директорката на струмичкиот стационар “Лана“,Сузана Стојкова, имала прилика во пракса да види на каков начин општина Љубљана се справува и ги третира овие животни и се носи со тековните предизвици.

Во текот на посетата на Љубљана, Костадинов со градоначалникот Зоран Јанковиќ, разговарал за економската зависност на општините, соработката со бизнис-секторот и можностите за финансирање на општините од странски фондови, како предуслов на патот кон прогрес.