Наместо да се прават капитални проекти Општина Штип треба да враќа пари за долг од четири милиони евра направен во ЈП „Исар“ пред 20 години, на кој има камата од 220 проценти. Штипскиот градоначалник Јорданов вели дека презеле одговорност да го враќаат она што некој претходно неодговорно го трошел.
Покрај финансиската и енергетска криза и зголемените трошоци, во изминатата година општината вратила еден милион евра за каматите од застарениот долг. Толку планираат да вратат и годинава.
– Ова е уште една одлука која нас како општина не дискредитира затоа што во минатото со одлука на Влада многу општини и локални самоуправи беа ослободени од плаќање на заостанати долгови кои ги имале, со само една одлука. Доколку владата навистина има интерес овој град да се развива и доколку сака да им помогне на граѓаните на Штип, можат со одлука на влада и со нов закон да не ослободат од враќање на овие наталожени обврски и да можеме тие пари да ги инвестираме, вели Јорданов.