На три места во Општина Карбинци се организираше фаќање на светиот крст. Давид Митев го фати крстот во реката Брегалница кој се фрлаше кој мостот во с.Долни Балван, додека Зоранчо Велинов имаше среќа да го фати Светиот крст во село Карбинци.

Велинов дваесет години се обидувал да го фати крстот, и оваа година за прв пат имаше среќа.


„Посакувам здравје, среќа, бериќет, Господ да им дава среќа“, порача Велинов.
Освен во реката Брегалница од лани крстот се фрла и во приватен базен во селото Таринци. Оваа година најсреќен да го фати крстот беше Филип Стоилковски.
Општината со скромни подароци ги даруваше најхрабрите и најсреќните коишто оваа година го фатија крстот.


„Нека овој празник ни донесе мир, спокој во секое семејство и традицијата да продолжи и понатаму, “порача градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.