До крајот на годината се очекува целосно да биде завршена реконструкцијата на дворното место на клон „Пчелка“ во Штип, а дотогаш и сите градинки на територијата на општината треба да добијат нов ентериер. Ова го најави градоначалникот Иван Јорданов, кој го означи почетокот на реконструкцијата во оваа градинка.
– Ќе се врши поставување на нови павер елементи, ќе се реконструира ѕидот, ќе се поставува нова заштитна ограда и нови детски реквизити. Исто така сакам да кажам дека е завршен тендерот за комплетна обнова на ентериерот на сите детски градинки на територијата на општината. Ќе се набават нови анатомски столчиња, маси, со цел да го обновиме застарениот ентериер, вели Јорданов.
Освен во клонот „Пчелка“ че се реконструира и дворното место на клонот „Росица“ во ново село, каде ќе се промени оградата и ќе има нови детски реквизити.