Општината и градоначалникот Виктор Паунов со повик до граѓаните активно да се вклучат во креирањето на буџетот за 2023 година.
„Во следниве викенди 3,4 и 10,11 Декември од 11:00-14:00ч. општинската зграда ќе биде отворена за секој од Вас за да заеднички транспарентно го креираме буџетот на општината за 2023 година. Секој предлог и идеја да биде можност за реализација за следната година,“ пишува во одбјавата од страна на градоначалникот Виктор Паунов.
Веќе се одржа Панел дискусија со цел заедничко креирање на буџетот за 2023.
Граѓаните претставени преку своите Месни зеедници и бизнис секторот ги презентираа своите идеи и предлози.
„Она што го имаме како рамка за финансиски средства изнесува 39 милиони денари- основен буџет,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
„Ние веќе отворивме и на нашата веб страна Прашалник, којшто може секој да го пополни, на социјалните мрежи исто така имавме отворени прашалници преку коишто секој жител може да даде свое мислење, предлог и идеја,“ додава Паунов.