Започна реконструкцијата на една од главните улици во село Таринци.

Во рамките на активностите предвидена е и изградба на атмосферска канализација како и тротоарско решение.

Преку Бирото за регионален развој се обезбедени финансиски средства во висина од 6.169.000 денари по програмата за развој на селата.