Населбата Сењак 4 денеска доби уште едно игралиште. Местото меѓу зградите кое до скоро беше запоставено, сега доби нов изглед и во него може да уживаат од најмалите до најстари.
– Во изминатите недели направивме нешто различно овде. Има игралиште со вештачка трева за мал фудбал и игралиште со тартан подлога за баскет. Игралиштето е заградено, целосно осветлено, а има и детски реквизити, вели градоначалникот Јорданов потенцирајќи дека инвестицијата е вредна 700 илјади денари, пари обезбедени од општинскиот буџет.
Во насока на зачувување на ваквите спортско-рекреативни катчиња, градоначалникот иако апелираше на одговорност, најави и поставување на камери.