Започна реализацијата на проектот со кој значително ќе се подобри водоснабрувањето во селата Таринци и Долни Балван.
„Општина Карбинци ги изработи сите потребни технички документи и во соработка со Министерството за Транспорт и врски распишан е и повикот за избор на изведувач за проектот за изградба на резервоар за вода за пиење од 200м3 и цевковод од Таринци до постојниот цевковод до селото Долни Балван,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Се очекува со реализација да се започне веднаш по завршувањето на постапката.
„Со реализација на овој важен проект ќе го подобриме водоснабдувањето во селата Таринци и Долни Балван,“образложи Паунов