Откако претходно беше подготвен за асфалтирање, денеска асфалтиран е еден километар од патниот правец Шашаварлија – Кошево – Почивало. Дел од средствата се обезбедени од буџетот на општина Штип, а дел како што истакна штипскиот градоначалник Јорданов кој денеска беше на увид заедно со директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, се кофинансирани од оваа институција.
– Како што знаете во изминатиот период се работеше на припреми за асфалтирање, а денес е завршната фаза од овој на дел на патниот правец кој е во вкупен износ од пет милиони денари, четири милиони денари се од Бирото, а еден милион денари се од Буџетот на Општина Штип. Ова за нас е дополнителен мотив за следната година да ги следиме сите програми кои ќе бидат објавувани и практично преку нив да аплицираме наши проекти, рече Јорданов.
Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи, посочи дека е задоволен од работата на терен, а градоначалниците од источниот регион вели дека аплицираат со проекти и се инвестира во инфраструктурата.
– Во петок ќе се потпишат договори со Источно планскиот регион каде ќе бидат опфатени сите општини, и ќе се издвојат 48 милиони денари, додаде Реџепи.