Во понеделник (31.10.2022) свечено ќе биде означен почетокот на изградба на пречистителна станица за вода за пиење, заедно со пропратни објекти и фотоволтаична централа за потребите на пречистителната станица.
Изградбата на овој капитален проект за Делчево е дел од големиот проект „Подобрување на водоснабдувањето во Делчево“ вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони швајцарски франци е донација на Швајцарската Конфедерација, 1, 3 милиони швајцарски франци е инвестиција од Министерството за животната средина и просторно планирање и 30.000 швајцарски франци е учество на Општина Делчево.
Настанот ќе се одржи на 31.10.2022 (понеделник) со почеток во 12.00 ч на локацијата за изградба на пречистителната станица во с. Тработивиште, Делчево (10 км од Делчево, покрај регионалниот пат Делчево-Берово, локација кај пумпите или старата пречистителна станица на влезот од селото).
На настанот е потврдено присуството на премиерот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заменик-амбасадорот на Амбасадата на Швајцарската Конфедерација, Лусијан Егертер, како и други претставници на централната власт и фирми партнери во проектот.