Жителите на селата Карбинци и Крупиште добија спортски игралишта. Тие денеска и официјално беа пуштени во употреба.


Средствата во висина од 3,6 милиони денари се обезедни од буџетот на општина Карбинци, информираше градоначалникот Виктор Паунов.


„Денес официјално го пуштаме во употреба мултифункционалното игралиште во с.Карбинци, како и игралиштето во с.Крупиште. Со изградбата на овие објекти за спорт уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба да градиме едно општество базирано на јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популација на нашата општина. Со нашите инвестиции, нашите ветувања стануваат реалност” изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.


Покрај овие две игралишта, во Карбинци и Крупуште се работи и на уште едно, повеќенаменска асфалтна површина во село Кучичино, информира Паунов.