Европската недела на мобилност и ден без автомобил во Општина Карбинци беше одбележан со возење на велосипед.
“Во организација на ООУ ,,Страшо Пинџур” заедно со учениците и наставниците се дружевме возејќи низ нашата општина. Велосипедот нека ни биде превозно средство кое ќе го користиме повеќе во нашето општество,“ информираше градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.