Неделава започнаа градежните активности за изградба на улица во с. Козјак. Паралелно се започнуваа и активностите за изградба на уште две улици, една во с. Таринци а другата во с. Аргулица со вкупна површина од 1700м2.
„Вредноста на овој инфраструктурен проект изнесува 1.700.000 денари. Средствата во целост се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци.“вели градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.