Штипјани од денеска ќе можат онлајн да ги преземаат и плаќаат своите сметки, да пријавуваат состојба на водомерите и да пријавуваат дефекти и други комунални проблеми.
Од денеска е функционална веб страницата www.jpisar.com.mk , а новините кои ги има воведено Исар се:
1.СОСТОЈБА НА БРОИЛО-Во делот состојба на броило се внесува фактурата која ја имате добиено во хартиена или електронска форма со кликање на “Tab” на тастатурата (емаил адресата доколку ја имате внесено излегува сама),доколку не ја внесувате и овде ви се појавува,последната состојба,поле за нова состојба и дел каде може да прикачете слика.
Напомена: Согласно изготвувањето на сметките, состојбата може да се внесе најдоцна до 25-ти во месецот.
2.ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА-Секој корисник со влегување во својот кориснички профил кој го има веќе креирано може да ги види следните функционалности.
-Пријави состојба на броило.
-Преглед на сметки(каде може да ги превземе неплатените фактури).
-Промена на постоечка лозинка.
-Промена на е-mail каде се доставуваат фактурите во електронска форма.
3.ПЛАТИ ФАКТУРА (Брзо плаќање)-Во делот брзо плаќање се внесува фактурата која ја имате добиено во хартиена или електронска форма претискање на копчето Tab од тастатурата (емаил адресата доколку ја имате внесено излегува сама)доколку не ја внесувате овде ви излегува фактурата која ја имате внесено и одбирате опција “Плати”.(Се согласувам со Политика за приватност и услови за користење на сајт)мора да ви биде означено и ја внесувате вашата платежна картичка.
4.РЕГИСТРИРАЈ СЕ ЗА Е-ФАКТУРА – Функционалност каде корисникот се регистрира за добивање на фактури по електронски пат.
5.ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ -Функционалност каде корисникот со внесување на Име,Е-маил,Телефонски број за контакт,и објаснување на дефектот на брз и едноставен начин го пријавува проблемот и со притискање на копчето испрати директно се испраќа до надлежниот сектор.
НАПОМЕНА :Бројот на фактурата за физички лица почнува со буквата В (Кирилица),за правни лица со буквата П (Кирилица).
НАПОМЕНА: Доколку некој од вас не може да се најави на системот за електронска наплата потребно е да направи повторна регистрација https://euslugi.jpisar.com.mk/ најдолу,
(Не сте член:Регистрирај се)
1.Корисничкото име:Ќе може да поставите ваше (букви,бројки) корисничко име независно од корисничкото име кое го има добиено на сметката.
2.Лозинка:Лозинката мора да содржи 8 карактери(Голема,Мала буква,Бројка и еден специјален знак)
3.E-mail:Се внесува меилот кој го има запишано во системот.
4.Сметка:Се внесува било која сметка која ви има пристигнато на меил или на домашна адреса со тоа што првата буква треба да е В(голема,кирилица) и се оди на копчето Регистрирај се.
По регистрација на маилот ќе добиете потврда за успешност на регистрацијата.
ВАЖНО !!!!-Корисничкото име и лозинката ви остануваат фиксни(не се променуваат)се додека вие повторно не си ги промените.
ВАЖНО !!!!Ова не важи за оние корисници кои го имаат ажурирано својот профил и влегуваат без никаков проблем.