Во рамките на проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во источниот плански регион преку ИПА 2 програмата, Општина Карбинци започнува со подготовка за имплементација на делот за целосно затварање на дивите депонии на 6 локации низ општината.
„Во периодот од месец Октомври ќе се започне со целосно затворање на депониите во близина на населените места: Карбинци, Таринци, Аргулица, Козјак, Крупиште и Радање,“ вели градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Се до отворање на новата регионална депонијa отпадот од општина Карбинци ќе се депонира во депонијата во Штип.