“Граѓаните креираат БУЏЕТ” -Општина Лозово почнува кампања во којашто жителите самите преку сугестии, предлози и идеи, само ќе го креираат општинскиот буџет.
„ Пред вас граѓаните го спроведуваме концептот на одговорно работење и подготвеност да излеземе во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на проблемите кои се во домен на Локалната самоуправа,“ градоначалникот Бошко Цветковски.
Во периодот што следи, заедно со тимовите од општинската администрација ќе бидат посетени сите домови со цел да се слушнат идеите, сугестиите и предлозите при проектирањето на новиот буџет на општина Лозово, односно граѓаните ќе учествувате директно во донесувањето на одлуки за прашања кои се од суштинско значење.
„Да работиме заеднички на спроведување на една од најдобрите светски практики за подобрување на распределба на локалните буџетски средства. По принципот на партиципативно буџетирање сите граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето на одлуки за намена на општинските финансии,“ пишува во објавата градоначалникот.
На тој начин, додава, граѓанинот ќе го добие местото што го заслужувал отсекогаш.
„Јас како Градоначалник заедно со општинската администрација ќе се потрудам се што е во рамките и надлежностите на општината да оствариме и реализираме со цел да го подобриме квалитетот на живеење. За се она што ќе биде реализирано како проект, граѓаните на најтранспарентен начин ќе можат бесплатно да пристапат кон информациите за донесените сите одлуки, акти и буџет,“ информира градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски.