Булеварот „Гоце Делчев“ на влезот на Општина Штип следната недела треба да биде целосно реконструиран. Минатата недела булеварот доби нови тротоарски површини поставени од штипското претрпијатие „Стипион“, а сега ЈП „Македонија пат“ треба да постави нов асфалт на коловозните ленти.
Штипскиот градоначалник вели дека сообраќајот ќе се одвива без проблеми.
– Веднаш по реконструкцијата на овој потег, ќе се уредува и средишниот потег на булеварот со нов дрворед, со цел влезот на градот да доликува на центар на Источна Македонија, вели Јорданов.
Финансиските средства за овој проект дополнително треба да се утврдуваат, бидејќи во проектот за реконструкција покрај општината учествува и Македонија пат.