Парите се обезбедени и санацијата на мостот на реката Брегалница кај селото Долни Балван, конечно ќе може да започне, информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
„Денес во Министерството за локална самоуправа склучивме договор за финансирање на проектот за санација на мостот кај село Долни Балван на река Брегалница.
Обезбедивме 5.800.000 денари по програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот од парите со кофинансирање од Општина Карбинци,“вели Паунов.
Тој информира дека веднаш ќе се започне со тендерската постапка за избор на изведувач и некаде на почетокот на месец септември ќе се започне со санацијата на мостот.
Крајниот рок за завршување е средината на месец декември.