Решен е долгогодишен проблем со којшто се соочуваа жителите на селото Дорфулија -Општина Лозово. Отстранет е јавниот тоалет лоциран во центарот на селото, од кој со години се ширеше непријатна миризба.
„Имено во центарот на ова населено место во функција имаше руиниран и небезбеден јавен тоалет со септичка јама, од кој долги години се ширеше непријатна миризба, во ова подрачје.
Истиот е отстранет од страна на ЈПКД Лозово и на негово место е поставен нов јавен тоалет,’ информира градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.
Од локалната самоуправа велат дека во народниот период ќе се направат напори да се реши овој проблем и на други локации низ повеќе населени места во општината.
„Ваквите санитарни јазли се приклучуваат на водоводната и канализациска мрежа, со што хигиенските услови во истите доколку се одржуваат редовно, сега можат да бидат на исклучително високо ниво,’ информираат од Општина Лозово.