Во село Козјак, Општина Карбинци, се работи на проширување на улица долга 150м.
„ Во периодот кој ќе следи ќе биде бетонирана со што ќе се овозможи подобар пристап на тамошните жители,’ информира градоначалникот на Општина Kарбинци, Виктор Паунов.
„Тековно ги реконструираме сите реквизити на јавните површини, а во тек е и набавка за замена на сите дотраени клупи во повеќе населени места. Плоштадите и детските игралишта за брзо време ќе добијат и осветлување со украсни канделабри,“ додава Паунов.