Во својот роден град, Свети Николе, најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров доби свое мултифункционално игралиште.
Лично Лазаров во четвртокот и официјално го пушти во употреба. Во оваа прилика, Лазаров се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање, младите спортисти од Свети Николе добија одличен терен за спортување. Свети НИколе уште еден модерен објект за гордеење.
Донацијата е на Видеолотарија, чиј амбасадор е Кирил Лазаров, а во која се вклучија и автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели .