Во тек на градежни активности за изградба на бетонска патека во училишниот двор на подрачното училиште Методи Митевски-Брицо во с. Каратманово.
Денес и Градоначалникот на Општина Лозово имаше прилика да направи увид во градежните зафати кои во периодов ги остварува училиштето.
„ Продолжуваме со нашиот ангажман во остварување на планираните цели во насока на подобрување на училишната инфраструктура а со тоа и подобрување на условите за работа во училиштето,“вели градоначалникот на Општина лозово Бошко Цветковски.