Екипи на ЈКП „Брегалница” деновиве работат на изградба на нова водоводна линија во населбата „Пролет”. Согласно со Програмата за работа на Општина Делчево и ЈКП „Брегалница” , а со цел довршување на водоснабдителениот систем во новата населба „Пролет” во градот Делчево, се гради водоводна инсталација во должина од над 300 метри, а се поставуваат полиетиленски црева со профил од фи 110 и од фи 63.
Досега е изградена водоводната линија на крак 7 во должина од 160 метри со профил од фи 110, на крак 22 во должина од 70 метри и поставено полиетиленско црево од фи 63, а се прават подготовки за изградба на водоводната инсталација на крак 4 во должина од 80 метри, каде ќе се постави полиетиленско црево од фи 110. Екипи на ЈКП „Брегалница” во моментов работат и на приклучување на новоизградените објекти на водоводниот систем.
Со оваа интервенција, сите новоизградени објекти во населбата ќе бидат опфатени во водоводниот систем.