Под мотото „МВР за граѓаните” и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните”, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 Мај.
Mинистерот Спасовски во своето обраќање истакна дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, воспоставени се модерни стандарди коишто целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.
-Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациски единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера, порача Спасовски.
Спасовски упати и порака дека полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста; на редот и поредокот и, секако, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани.
Претседателот на Собранието Талат Џафери апелираше до сите припадници на МВР, да бидат првата врата на која ќе тропнат граѓаните, првиот број на кој ќе се јават секогаш кога ќе се почувствуваат беспомошни и небезбедни.
– Затоа што е важно да се стекне и одржи високо довербата кај граѓаните, и да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните. Длабоко сум убеден дека заемната доверба соработката из астанувањето на вистинската праведната страна на законот, ќе придонесите да имаме побезбедни улици, подемкоратски и пооправенди институции кои по ништо нема да заостануваат зад високостандардните европски полициски сили.
Собранието на РСМ ќе биде, како и досега отворено за ваши предлози, сугестии и законски измени кои ќе бидат во насока на подобрување на ефикасноста на МВР, во насока на подобрување на вашиот статус, порача Џафери.