По подолго време во Штип повторно во функција е јавниот градски тоалет кој се наоѓа во централното градско подрачје близу Безистенот. Освен овој, поставени се и три монтажни тоалети во населбите Сењак, Осми Ноември и Баби.
– Ова е прва фаза, во наредниот период ќе бидат поставени тоалети и на други локации. Средствата се одвоени од буџетот на општината, во висина од над 400 илјади денари, информира градоначалникот Јорданов.
За хигиената на овие тоалети треба да се грижи претпријатието Исар. Овде треба да има вработен кој секојдневно ќе ги чисти тоалетите.