Општината Свети Николе од вторник, 26.04.2022 година започнува со реконструкција на улицата ,,Васка Циклева” во потегот од Полициската станица до кафеана Пуже, која ќе трае десетина дена.
Поради тоа, се повикуваат граѓаните да ги дислоцираат нивните моторни возила со цел, непречено да се одвиваат градежните работа. Најавата е дека работите на улицата ќе започнат во раните утрински часови.
Во периодот по велигденските и првомајските празници планирани се повеќе градежни активности низ градот и населените места.
Најавено е:
– асфалтирање на потегот Рудина – Бел Камен;
– реконструкција на ударните дупки низ градот;
– бекатонско уредување низ општината;
– уредување на ракометното игралиште со нов под,голови и кошеви како и нова ограда;
– уредување на паркот и детското катче со нови модерни содржини;
– чистење на речните корита;
– реконструкција на речното корито низ паркот;
– започнување со изградба на балон сала во село Ерџелија во склоп на училиштето;
– комплетно завршување на канализацијата во село Пеширово;
– водовод во село Орел;
– подготовка на терен за асфалтирање на населбата Лозов Расадник;
– асфалтирање на потегот с.Кнежје – Свети Николе со с.Ѓузумелци, Лозово.
Општината информира дека се започнати постапки по поднесени проекти за асфалтирање на улици низ селата и градот како и втора фаза за канализација во с. Мустафино, како и постапка по апликацијата за уредување на новиот парк со Памп Трак како и справи за развивање на моторички вештини кои ќе се реализираат во текот на оваа и наредната година.