Денот на македонската полиција 7 мај годинава ќе се одржува и во Крушево. Одбележување на овој ден се случува за прв пат во Крушево.
Настанот ќе се одржи на 30-ти април со почеток во 12:30 часот, а локацијата дополнително ќе биде одредена.
„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во свое лично име и во име на раководството на Министерството за внатрешни работи со особено задоволство, Ве поканува на 30 април, (сабота) со почеток од 12.30 часот во градовите:Струмица, Крива Паланка, Велес, Струга и Крушево на заедничко дружење со полициските службеници од сите Единици при Министерството за внатрешни работи во чест на Денот на македонската полиција 7 мај.“, стои во настанот на социјалната мрежа „Фејсбук“.