Градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов денес ги врачи првите Решенија од социјалната мерка за субвенционирање на новороденчиња.
Два млади брачни парови добија еднократна помош-субвенција од по 20.000 денари за второ новороденче а еден млад брачен пар доби 30.000 денари за трето новороденче.
Едни од првите мерки што почна да ги применува градоначалникот со преземањето на функцијата се социјалните мерки.
„ Презедовме во делот на социјалната грижа пакет мерки во делот на новосклопен брак, за лица коишто имаат наполнето 35 години а немаат претходно склучен брак, општината доделува ваучер од 100.000 денари, еднократна парична помош. Исто така во делот на новороденчиња, за прво новороденче-10.000 денари, за второ дете-20.000 денари и за трето-30.000 денари,“ образложи Ристов.