Задолжително превривање на водата или воопшто да не се користи, апелираат од Ј.П Комуна, Крушево. Забраната ќе важи до утре вечер заради загаденост.
„При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода, “ информираат од ЈП Комуна.
Од тука додаваат дека во моментов се работи на санација и затоа ќе има краток прекин на вода на улиците:
- Томе Никле
- Тодор Проески
- Никола Карев
- Ќиро Фетак
- Коча Миленку
- Манчу Матак
- Партизанска
- Питу Гули
ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.