Изминатата недела пробно е пуштена во употреба пречистителната станица во Свети Николе. Од општината соопштуваат дека во реконструкцијата не е даден ниту денар.
-Без помпа и сечење ленти , фирмата Флуид Проект од Скопје ја пушти во употреба пречистителна станица што требаше и досега да функционира. Се обврзаа да дадат гаранција за подолготрајна функционалност, соопшти градоначалникот Дејан Владев.
Од Свети Николе и веста дека на улиците во населбата Лозов Расадник се работи со зголемен интензитет. Поради несоодветно решение на канализационата мрежа изградена во претходните години, општината ја смени трасата, како што објасуваат, поради тоа што била поставена несоодветно и непрофесионално. Канализација ќе се постави по нови коти заради поврзување на куќите кои досега не можеа да се приклучат. Откако ќе бидат поврзани сите домаќинства, ќе почне асфалтирањето на потегот.