Општина Струмица, со цел да ги стимулира жителите на Градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 30.03.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 29.04.2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето. Повикот се спроведува по принципот Прв дојден прв услужен, соопшти Општината Струмица.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица , кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 30.03.2022 година, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 29.04.2022 година и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. Ова не важи за вработените со потесното семејство во Општина Струмица и трите јавни претпријатија ЈПКД Комуналец, Струмица Гас и ЈП Паркиралишта немаат право на учество на Јавниот Повик. Исто така и за лицата кои имаат искористено/добиено парични средства за купување велосипед за 2020 и 2021 година немаат право на учество.
Повеќе на линковите: