Местеа сложувалки, прашуваа, се едуцираа но и одговараа на прашања. Интересно, разиграно и весело беше во дворот на седиштето на Општина Карбинци.

Учениците кои беа дел од Инфо деновите уживаа во настанот, кој на еден начин беше заокружување по викенд активностите што исто така анимираа голем број на деца.

Сите овие активности се дел од проектот кој Општина Карбинци го спроведува заедно со Општина Дупница, Р.Бугарија.

Децата  уживаа и шетаа  по локалитетот Баргала, пожарникари од ТППЕ изведоа показна вежба. Презентација имаа и волонтери од Црвениот крст а се реализираа и едукативни игри. За тоа зборуваат импресиите на децата кои што беа дел од таа дружба.

„Овие денови многу убаво си поминав. Запознав многу други деца. Игравме многу убави игри и стекнавме ново знаење. Имаше пожарникари, имаше од Црвениот Крст. Научивме како да се справиме со пожар, кој број да го повикаме, како да спасиме човек доколку има потреба за тоа,“ни изјави Вероника Стојанова

Таа ја доби првата награда на конкурост кој што беше распишан на тема „Бледа сина точка“

„Денес ги прашувавме медиумите, градоначалникот, директорката на јавното претпријатие, што е нивната функција. Научивме дека градоначалникот се грижи за општината, дека медиумите се тука за не известат што се случува“, „Игравме игри, сложувалки, научивме за пожарите„ ги сподели своите впечатоци Изабела Пешева и Дејвид Манасков.

Превенција и совладување на последиците од природни и непогоди предизвикани од човечка негрижа е проектот на којшто заеднички го реализираат Општина Карбинци и општина Дупница, Р.Бугарија

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија, а Општина Карбинци го спроведува во партнерство со Фондацијата „12-ти Стол“ од Благоевград.

„Во рамките на проектот „Воспоставување на дијалог: нашата споделена одговорност кон иднината“ , опфатени се многу активности коишто значеа подобрување, односно зголемување на свесноста во однос на непогоди, природни и предизвикани од човекот и справување со истите. Исто така подразбираше и истражување и мапирање. Тоа се два документи коишто се многу значајни за да се утврди кои се ризичните области, односно да се направи мапирање и едно анкетирање, коешто беше за да се истражи нивото на знаење на граѓаните за справување со непогоди со фокус на пожарите. Врз основа на тие анализи беа дизајнирани и обуки од кои се одржаа две, едната беше за деца, другата за претставници од ранливи категории. Истите беа прилично успешни и одлично посетени, со одлични коментари од учесниците, додека дополнително направивме она што се случуваше за време на викендот. Овие активности ги искористивме и иработивме едукативни игри, како сложувалки, борд игри, картички за меморија и сл, коишто сакаме д аги искористиме како начин да се подигне свеста. Зачи секогаш кога ќе прочитаме да се сетиме дека треба да внимаваме . Во рамките на инфо деновите имавме и настан на којшто ги доделивме сертификатите за најдобрите автори на есеи, кои беа деца од Општина Карбинци. Целта на самите есеи беше да се подигне свесноста за индивидуалната одговорност, односно на секој поединец кон нашата околина, животната средина и планетата Земја воопшто,“ образложи Драгана -Дина Митровиќ, координатор на проектот.

Во рамките на проектот предвидено е креирање на веб платформа со едукативен и информативен карактер, преку која ќе се мотивираат младите од прекуграничниот регион да се вклучат во иницијативи за заштита на животната средина.

За реализирање на целиот проект обезбедени се околу 100.000 евра.

 

Овој проект е ко-финансиран од страна на Европската Унија преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија.