По две години пауза поради пандемијата, светиниколчани денеска на отворено ја славеа Тодорица, првата сабота по Прочка или шестиот ден од Чист понеделник, по дамнешната традиција, која ја одбележувале генерации наназад. За светиниколчани и нивните гости, Тодорова сабота е празник на фолклорот и средбите, која почнува со литургијата во градската црква Свети Никола, продолжува со фестивалот на народни игри и песни, а завршува со панаѓурот на отворено.
Фестивалот Тодорица годинава го отворија најмладите фолклористи од ансамблот „Јанко Глигоров“, а продолжи со настапот на 13 ансамбли од земјава, Бугарија и Црна Гора. На отворањето на фестивалот, градоначалникот Дејан Владев се потсети на значењето на Тодорица, кога како деца ја очекувале следната Тодорица.
-Создадена од изворното, традиционално, создадено со музика и игра, Тодорица е мост кој ги поврзува различните генерации и ги става на едно место со цел слога, душевен мир, хармонија и среќа. Тодорица не’ потсетува дека сите имаме исто минато и за него со гордост раскажуваме, за културата и традицијата. Овој денешен собир е доказ за нов генерациски спој, рече градоначалникот Владев. од страна на верниците и е празник преку кој се одржува христијанската вера со многу обичаи. Со години наназад многу луѓе од селата се собирале во градот да се причестат во црквата Свети Никола, по што се собирале, пееле и играле, со што го зачнале денешниот Овчеполски фолклор, додека луѓето го изнесувале тоа што можеле да го продадат, што денеска го симболизира тодоричкиот панаѓур.
Сончевиот и студен мартовски ден беше искористен за уште еднаш да се испочитува традицијата, да се излезе на отворено, да се види убавиот македонски фолклор, а попладнето да заврши со настапот на групата ДНК.