“Најголем проблем со кој се соочи општината по преземањето на власта била затекнатата финансиска состојба и ликвидноста на Општината и Јавното Комунално Претпријатие, но и покрај тоа вложени се напори за реализација на ветените проекти, рече на отчетот по повод 100 дена мандат, градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.

Во четири години конечно е ставен во функција бунарот во с. Ѓуземелци кој ќе се користи за потребите на системот за водоснабдување на корисници со питка вода во населено место Лозово.Во тек е изработка на техничка документација „За изградба на затворен пазар во Лозово“,добиени се 5 проекти за реконструкции на 28 улици во 5 населени места на територијата на општина Лозово.

„Во тек е изградба на примарна водоводна мрежа во с.Каратманово финансирана преку ТАВ програма во вредност од над 7 милиони денари. Добиен е проект  за изградба на Канализациона мрежа во с.Гуземелци во вредност од 140 000 евра. Овој Проект ќе биде финансиран од Европска Инвестициона Банка во соработка со Министерството за транспорт и врски и кофинансирање од буџетот на Општина Лозово. Отпочната е постапка за комплетирање на проектна документација за изградба на пристапен пат и прочистителна станица за вода од хидросистемот Злетовица,финансиран од МЗШВ.

Одобрена е Апликација за обновување на Јавнотото осветлување преку поставување нови 440 фотоволтаични системи или ЛЕД арматури во сите населени места во општината,  проект кој ќе биде финансиран преку заем од Светска банка во соработка со  Министерство за финансии. Општина Лозово ќе го искористи потенцијалот што го поседува со искористување на ветровите во ова подрачје и сончевата енергија. отпочната е процедура од приватен инвеститор и наскоро во Општина Лозово ќе бидат изградени ветерни и фотоволтаични електрани во м.в. Кантон во с. Ќоселери.

Поставена е  мобилната амбуланта во која се обавуваат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од сите населени места