Веќе десетина дена кај браната Мантово, Општина Конче, се поставени табли на кои пишува дека водите не се ниту за капење, ниту за рекреативни активности.
Таблите ги постави општината, наложено како обврска по извршените инспекциски надзори и анализи во врска со загадувањето на Брана Мантово од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
Согласно објавениот извештај од Државниот инспекторат за животна средина, една од промените која е забележана во езерото е што водата позеленува како резултат на масовен развој на сино – зелената алга. Оваа појава претставува закана за целиот еко систем како и за луѓето кои ја користат водата за разни намени.
Добиените резултати укажуваат и на загадување на водите во Брана Мантово од фекални води. Увидот на лице место од Држвниот инспекторат утврдил дека има изградено поголем број на викендици околу езерото, при што е заклучено дека е потребно да се изврши инспекциски надзор од овластениот инспектор и комуналната инспекција од Општина Конче, за да се провери дали овие објекти имаат изградено септички јами.
Извршените анализи се направени на барање на Рудникот Боров Дол од Радовиш, а резултатите од ипитувањето можат да се видат на следиот линк
За проблемот со загадувањето на езерото апармираше ГЗ Здрава Котлина објавувајќи слики на кои се гледаше промената на бојата на водата.