Посетата на претставникот на Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат на Крушево го означи почетокот на уште еден проект што ќе го финансира ЕУ.
Заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски ја посетија спортската сала која беше дел од проект финансиран од ЕУ.
„Поддршката од ЕУ е навистина голема и во периодот што следи уште поинтензивно ќе се насочиме кон домашните и странските фондови. Заедно со господинот Јанмат констатиравме дека општина Крушево нема друга опција, освен да користи средства од фондовите,“ изјави Христоски.
Проектот кој ќе започне да се финансира ќе биде од областа на туризмот.
“Господинот Јанмат, кој од денес е наш пријател, беше импресиониран од салата и од она што го нуди Крушево, “ додаде крушевскиот градоначалник.