Штипскиот градоначалник Иван Јорданов, директорите на штипските јавни претпријатија „Исар” и „Стипион”, како и вработените во урбанизам и инспекциските служби од вечерва почнуваат со средби со граѓани во рамки на проектот „Отворен ден со граѓаните”.
Од Кабинетот на градоначалникот соопштуваат дека средбите со граѓаните ќе се одржуваат секоја среда во 18 часот, во холот на салата на Советот на Општина Штип.
– Граѓаните ќе се упатуваат до надлежните служби и на лице место ќе може да се информираат за решавањето на нивните проблеми, односно која од службите е надлежна и за колку време може да се реши, велат од општината.
Реализирањето на „Отворен ден со граѓаните” е во насока на одговорното и транспарентно работење на градоначалникот и службите, во насока на решавање на проблемите.